Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Христо Узунов

Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година во Охрид. Уште како ученик на Солунската егзархиска гимназија пристапил во ВМОРО, привлечен од Д.Груев, и таму раководел со револуционерен кружок По. завршувањето на гимназијата, неколку години учителствувал во Охрид.

Бил раководител и организатор на ТМОРО во Охридско и Струшко. Прогонуван од турската власт, на двапати бил затворен во Битола. Во март 1903 година излегол од затвор и станал член на Охридското раководно тело и го зазема местото на убиениот Т.Давидов.

На Смилевскиот конгрес во мај 1903 година е избран за член на Охридското горско раководство и раководел со подготовките на Илинденското востание во Охридско и Струшко. За време на востанието учествува во борбите кај Сирулски рид и с.Куратица против турската војска. По задушувањето на Востанието, останал во Битолскиот револуционерен округ. На Прилепскиот конгрес  во 1904  година е назначен за организатор и ревизор на четите во Охридско, Струшко и Кичевско.

На 24 април 1905 година, од Крушево доаѓа во Кичевско, придружуван од 14 души добро вооружени четници и двајца војводи, В.Србаков и П.Георгиев за да го исполнат решението за егзекуција на 15-тина ренегати во една ноќ, но во кичевското село Цер се опколени од многуброен турски аскер со артилерија. Војводата В.Србаков решил на свој ризик, со фрлање на бомби да се обиде да се пробие но со еден залп на неколку чекори од куќата е погоден. За да не им паднат на Турците живи во раце, тој и неговите 13 соборци извршиле саможртва. Останало неговото познато и потресно претсмртно писмо како сведоштво за македонските херои и маченици.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik